Дома Фудбал Немал иднина на кормилото: Мурињо брзо ќе ја напушти Бенфика?

Немал иднина на кормилото: Мурињо брзо ќе ја напушти Бенфика?

Пред претседателските избори во Бенфика, кандидатот Жоао Диого Мантеигаж изјави дека Жозе Мурињо „нема иднина како тренер“ во лисабонскиот великан бидејќи неговата вистинска цел е да ја преземе тренерската позиција на португалската репрезентација. Иако Мантеигаж го признава победничкиот менталитет на Мурињо, тој е убеден дека амбициите на славниот експерт ги надминуваат клубските рамки, пишува „goal.com“.

Враќањето на Мурињо во Бенфика, 25 години по краткото деби, беше пречекано како историски момент за клубот. Пред нешто повеќе од еден месец, тој го презеде тимот и потпиша двегодишен договор, веднаш воведувајќи победничка структура и враќајќи ја самодовербата во соблекувалната. Сепак, Мантеигаж тврди дека срцето на 62-годишниот тренер веќе е насочено кон друга цел.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тој го опиша Мурињо како „победник способен да ја направи Бенфика шампиони оваа година“, но истовремено и како некој што не планира долгорочно да се поврзе со клубот.

„Тој овде не е тренер со иднина“, изјавил Мантеигаж за португалските медиуми, алудирајќи на тоа дека искусниот стратег цели на позицијата селектор на Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед добива стадион од соништата – ќе има 100.000 седишта, а ќе вреди 2,3 милијарди евра (Видео)

Манчестер јунајтед е уверен дека може да постигне клучни договори кои ќе овозможат продолж…