Карло Анчелоти оваа сезона има проблеми со повредите на играчите од Реал Мадрид, а на утринскиот тренинг се случи ситуација која го загрижи Италијанецот и неговите асистенти.
Анчелоти на утринскиот тренинг „замрзна“ кога виде дека еден од најдобрите играчи на Реал седна на теренот и побара докторот да дојде до него.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Станува збор за бразилскиот напаѓач Родриго, кој игра во фантастична форма, но Бразилецот имаше повреда на крајот на минатата година.
Но, утрово за време на тренингот само седна на теренот и покажа дека има проблем со левата нога. Докторот на Реал му пријде за да види за што станува збор, а Анчелоти стоеше настрана и очекуваше информации.
🦶Родриго имаше непријатност во неговото левo стапало.
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) February 28, 2025
👀 Физите го третираа и тој се врати на тренингот.
📹 @marcosdlarocha pic.twitter.com/VaN8M8p0Uz