Дома Фудбал Нема крај на агонијата за Робињо: Ќе остане во затвор

Нема крај на агонијата за Робињо: Ќе остане во затвор

Бразилските судови ја отфрлија последната жалба на одбраната на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо, кој издржува деветгодишна затворска казна поради силување, што значи дека некогашната ѕвезда на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан ќе остане во затвор.

Врховниот суд на правдата во Бразил одлучи дека аргументите на адвокатите на Робињо беа веќе слушнати и одбиени три пати, поради што судиите едногласно ја отфрлија жалбата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Одбраната на Робињо тврдеше дека бразилските судови не ја разгледале ретроактивната природа на имиграцискиот закон, кој дозволува издржување на казна во Бразил што била изречена во странство.

Одбраната тврди дека законот, донесен во 2017 година, не може да се примени на неговиот случај, бидејќи делото било направено во Италија, неколку години пред неговото донесување.

Во 2017 година Робињо беше осуден во Италија за групно силување што се случило во ноќен клуб во Милано во 2013 година. Не можеше да биде затворен во Италија, бидејќи пред изрекувањето на пресудата се вратил во Бразил, чиј Устав забранува екстрадиција на нејзините граѓани.

Казната почна да ја издржува во озогласениот бразилски затвор Тремембе во април 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ја објави листата на фудбалери за ЛШ: Слот направи големо изненадување и изненади една од ѕвездите

Ливерпул го избра својот тим од 22 фудбалери за натпреварите во групната фаза на Лига на ш…