
Манчестер Јунајтед ова лето прави вистинска реконструкција на тимот, а едно од имињата кое речиси сигурно ќе го напушти Олд Трафорд во овој преоден рок е Антони.
Црвените ѓаволи ја разочараа целата своја публика минатата сезона и забележаа една од најлошите сезони во историјата на клубот.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во англиската Премиер лига завршија на мизерното 15-то место, а во финалето на Лига Европа загубија од лигашкиот ривал – Тотенхем Хотспур.
Рубен Аморим имаше многу бледа дебитантска сезона како тренер, но раководството на Манчестер Јунајтед му доверило да го води тимот и наредната сезона.
Ова лето португалскиот стручњак и неговиот тим прават вистинска реконструкција на составот, доведоа неколку звучни имиња, како Матеус Куње и Брајан Мбеумо.
Покрај влезните трансфери, сосема е логично дека ќе мора да има и излезни, а едно од имињата кое речиси сигурно ќе го напушти Олд Трафорд ова лето е Антони. Бразилецот веќе долго време е на трансфер-листата и клубот не би имал никакви проблеми да го продаде, а понудите за крони играчот не недостасуваат.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Антони веќе одбил финансиски многу силни понуди од Саудиска Арабија бидејќи не сака да игра таму.
Покрај понудите од Блискиот исток, 25-годишникот одбил и неколку понуди од италијанската Серија А и германската Бундеслига бидејќи сака само еден клуб.
Станува збор за Реал Бетис, каде што ја помина минатата полусезона како позајмен играч на Манчестер Јунајтед и таму покажа завиден квалитет.
Фотo: Принтскрин