
Виктор Ѓокереш сè уште е најголемата желба на Рубен Аморим, но Манчестер јунајтед сè уште не е блиску до неговиот потпис.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Швеѓанецот ќе го напушти Спортинг од Лисабон, но само под услов да премине во тим што ќе се натпреварува во Лигата на шампионите.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
За Јунајтед, Лигата на шампионите е недостижна преку Премиер лигата, но сè уште се надеваат дека како освојувачи на Лига Европа можат да се пласираат во елитното натпреварување. Во тој случај, Ѓокереш ќе ја разгледа преселбата во Манчестер.
Швеѓанецот е свесен колку Рубен Аморим имаше најголемо влијание врз неговата кариера, го донесе од Ковентри во Лисабон и таму стана еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.
Ѓокереш моментално е прв во трката за Златната копачка, иако гол во Примеир носи само 1,5 поени, постигна 52 гола во сите натпреварувања, од кои 38 во првенството.
Што се однесува до напаѓачката линија на Јунајтед, се знае дека Џошуа Зиркзе е на продажба, а не е невозможно да замине и Расмус Хејлунд кој не ги исполни очекувањата.
Познато е дека новиот голгетер е најголемата желба на Аморим, прашањето е дали е желба на Ѓокереш повторно да соработува со него.
Да потсетиме, него го следат и Арсенал, Челзи, Барселона и бројни други големи клубови…