Дома Фудбал Некогаш вредеше 58 милиони, сега кариерата ја продолжува во неочекуван клуб!

Некогаш вредеше 58 милиони, сега кариерата ја продолжува во неочекуван клуб!

Бенџамен Менди на врвот на својата кариера играше за Манчестер Сити. Со “Граѓаните” освои четири Премиер лиги и уште пет трофеи.

Неговата кариера подолго време е во пад. Вклучувајќи и судење со кое се соочуваше. Светскиот шампион со Франција, играше минатата полусезона за Цирих.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Информациите се дека овој фудбалер преминува во полската Погон Шчеќин. Тоа е договор на две години.

Во Полска доаѓа како слободен играч, а неговата вредност значително опаднала, на само милион евра. Менди е ученик на Авр каде што се издигнал. Потоа играше за Монако и Марсеј пред да отпатува за Англија. Таму помина шест години и се префрли во Лоријан. Од таму се најде во Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблем за Барселона: Се повреди Левандовски!

Полскиот напаѓач и член на Барселона, Роберт Левандовски, се здоби со повреда на последнио…