Дома Фудбал Некогаш важеше за најголем талент во светот, а денес ниту просечните клубови не го сакаат

Некогаш важеше за најголем талент во светот, а денес ниту просечните клубови не го сакаат

Шпанскиот клуб од средината на табелата повеќе не сака да го трпи неговото играње, но и неговото однесување.

Во 2014 година на Светското првенство во Бразил Колумбиецот блесна силно на големата сцена и од него многу се очекуваше..


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Родригез беше најдобар играч на Колумбија на споменатото Светско и сите го паметат неговиот гол од волеј.

Така, во летото 2014 година донесе одлука која можеби го чинеше подобра кариера.

Од редовите на Монако каде беше главен играч премина во редовите на Реал Мадрид. Таму повеќе беше број отколку играч.

Следуваше и двегодишна позајмица во Бајерн, но ни таму не можеше да ја врати кариерата на вистинскиот пат.

Потоа следеа трансфери кои никој не можеше да ги разбере. Прво, летото 2020 година го засили Евертон.

Само една година подоцна од Евертон оди во Катар, во редовите на Ал-Рајан, за да се врати пак година дена подоцна во Европа, и тоа во грчкиот Олимпијакос.

Во Атина издржа осум месеци, па летото 2023 година донесе нов клуб. Замина во Бразил, во Сао Паоло.

Повторно се задржа само една година, а потоа пак се врати во Европа. Потпиша за Рајо Ваљекано, а и тоа беше погрешен потег.

Таму собра до 1 јануари не повеќе ни помалку од 205 минути во седум натпревари во кои настапи како резерва. .

Сега Рајо Ваљекано на сите начини се обидува да се ослободи од него и исклучиво сака раскинување на договорот веќе по шест месеци.

Се поставува и прашањето за негов крај на кариерата, иако има 33 години. .

Една од опциите е и враќање во некои од јужноамериканските клубови каде што Хамес почна.

Во репрезентацијата на Колумбија одигра 112 натпревари и постигна 29 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Му призна дека сака да го напушти Реал, па Анчелоти веднаш го – казни!

Реал Мадрид вечерва игра против Депортива Минера во натпревар од Купот на Кралот, а навива…