Дома Фудбал Некогаш беше еден од најголемите таленти во светот, а сега на 26 години потпиша за третолигаш

Некогаш беше еден од најголемите таленти во светот, а сега на 26 години потпиша за третолигаш

Хаким Мастур, некогашниот најголем талент на италијански Милан и светскиот фудбал, официјално потпиша за Виртус Верона, клуб од италијанската Серија Ц. Договорот е склучен на 27 јуни 2025 година, а овој 26-годишен играч од средниот ред доаѓа од мароканската лига со желба да ја возобнови својата кариера во Европа.

“Виртус Верона со гордост го објавува пристигнувањето на Хаким Мастур. Потпиша договор базиран на учинок до 30 јуни 2026 година, со можност за продолжување за уште една сезона”, објави клубот. Мастур е роден во Реџо Емилија, а како тинејџер ги воодушеви скаутите на Милан со својата техника и талент, привлекувајќи внимание од најголемите европски клубови. Но, и покрај големите очекувања, никогаш не успеа да се наметне на највисокото ниво.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За време на кариерата, минал низ Малага, Зволе и грчката Ламија, но без да остави значителен белег. Дури ни настапите во италијанската втора и трета лига за Реџиана Карпи не донесоа пресврт. Во последниот период, играше во Мароко за Ренесанс Земамра и Унион Туарга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Барселона на импресивен начин ја потврди фаворитската улога во Ла Лига, совладувајќи ја Ва…