Дома Фудбал Некогаш беше голем талент на англискиот фудбал: Сега може да заврши во затвор – за Манчестер Јујнајтед одигра над 50 натпревари!

Некогаш беше голем талент на англискиот фудбал: Сега може да заврши во затвор – за Манчестер Јујнајтед одигра над 50 натпревари!

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Брендон Вилијамс (24) ја призна вината за опасно возење откако на 20 август 2023 година учествувал во сообраќајна несреќа на автопатот во близина на Хендфорт. Му се заканува затворска казна од две години, известуваат англиските медиуми.

Вилијамс го возел Audi A3 со брзина од 159 км/ч кога изгубил контрола врз возилото, се судрил со Ford Fiesta и удрил во ограда. Бил уапсен по пружената медицинска помош и се соочува со изрекување на казната на 9 мај на суд. Сведоци изјавиле дека за време на возењето имал балон во устата, додека сопатничка го снимала. Тестиран е на алкохол и резултатот бил негативен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Вилијамс мина низ младинската школа на Манчестер Јунајтед и се појави на сцена додека тренер на клубот беше Оле Гунар Солскјер. Како лев бек одигра 51 натпревар за тимот од Олд Трафорд, постигна еден и направи една асистенција.

Во сезоната 2021/2022 беше на позајмица во Норич Сити, а во 2023/2024 во Ипсвич Таун. Во јуни минатата година Манчестер Јунајтед објави дека Вилијамс ќе го напушти клубот по истекот на договорот. Заработувал околу 75 илјади евра неделно. Има и еден настап за англиската репрезентација под 21 година, а моментално е без клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот одобрил заминување: Чеитир клуба во битка за фудбалер на Ливерпул

По трансферите на Луис Диас и Дарвин Нуњез, Слот зелено светло даде за продажбата на уште …