Дома Фудбал Неизвесна е ситуацијата на Модриќ: Еден човек е клучен за неговата иднина

Неизвесна е ситуацијата на Модриќ: Еден човек е клучен за неговата иднина

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ сѐ уште не знае дали следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, но денот на одлуката треба наскоро да пристигне. Тој во следните денови ќе има разговор со Флорентино Перез, но претседателот на Реал на искусниот Хрват му даде до знаење што треба да се случи за да добие нов договор.

Иако Лука Модриќ достигна статус на легенда во Реал Мадрид во последните 13 години колку што е член на овој клуб, сѐ уште не е јасно дали неговата желба ќе се исполни да го носи дресот на Кралевите и следната сезона.


Модриќ минатото лето, откако Реал имаше одлична сезона, доби нов едногодишен договор, но веќе тогаш изјави дека му е цел да остане во овој клуб и следната сезона, по што веројатно ќе се пензионира.

Меѓутоа, сезоната која Реал Мадрид ја имаше е за заборав, поради што Флорентино Перес одлучи да направи “промении” во тимот, вклучувајќи и тренерот Карло Анчелоти кој на крајот од сезоната дефинитивно ќе ги напушти Кралевите.

Поради тоа, не се сигурни ниту некои играчи, а тука се издвојува и Модриќ на кој му истекува договорот. И покрај сѐ што му даде на Реал, се чини дека неговото останување воопшто не е толку сигурно како што беше пред една година.

Шпанските медиуми наведуваат дека пред Модриќ се одлучувачки седмици во кои ќе се знае дали останува или не. Веќе во следните денови ќе има состанок со Перез, но како што пишува Марка, претседателот на Кралевите му даде до знаење дека нема тој да одлучува за новиот договор.

“Лука Модриќ има разговор со Перез во следните денови. Ќе има и еден со Чаби Алонсо кога ќе дојде во клубот”, пишуваат медиумите во Шпанија.

Токму тој разговор со Алонсо ќе биде од пресудно значење, бидејќи Перез одлучи на новиот тренер на Реал да му ја препушти потполно одлуката околу тоа дали Модриќ и следната сезона ќе биде дел од кралскиот клуб.

Фото: Real Madrid C,F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо му постави услов на Модриќ ако сака да остане во Реал Мадрид

Лука Модриќ ги одигра сите 90 минути за Реал Мадрид против Мајорка, а пред тој натпревар с…