Саудиска Арабија со пари привлекува светски фудбалски ѕвезди, но некои од нив одолеваат и не прифаќаат да ја свртат својата кариера поради неколку милиони повеќе на банкарската сметка. Сега доаѓа токму еден таков случај.
Со заминувањето на Кристијано Роналдо во Ал-Наср крајот на 2022 година почна бран на заминувања на големи ѕвезди во Саудиска Арабија.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Особено ова дојде до израз во летото 2023 година, а сега оваа лига е многу следена и респектабилна, и сигурно е подобра од многу европски лиги.
Дали сето ова ќе потоне како што беше случајот со Кина или Саудиска Арабија ќе успее да изгради нешто подолгорочно, останува да видиме.
Јасно е дека за сега се се сведува на големи суми пари кои им се даваат на играчите, но некои од нив и лесно ги одбиваат.
Како што утрово пишуваше „Ла Газета дело Спор“т, Ал Хилал имал обид да го доведе еден од клучните играчи на Интер, но добиле негативен одговор.
Клубот од Саудиска Арабија се обиде да го искористи присуството на Интер во Ријад по повод играњето на Суперкупот на Италија.
Понуди на Никола Барела дури 18 милиони евра по сезона, што е околу трипати повеќе од тоа што добива во миланскиот тим.
Монструозната сума сепак не го убеди играчот да ја сврти својата кариера за 180 степени и да премине во Саудиска Арабија.
И покрај тоа што не успеаа овој пат, се чини дека Арапите не сакаат да се откажат од италијанскиот играч од средниот ред.