Дома Фудбал Не сака повеќе да чека: Аморим лично го одобрил првото големо засилување на Манчестер Јунајтед за следното лето

Не сака повеќе да чека: Аморим лично го одобрил првото големо засилување на Манчестер Јунајтед за следното лето

Се очекуваше дека Манчестер Јунајтед ќе игра многу подобро кога на клупата на овој тим седне Рубен Аморим, но тоа не се случи.

Свесен е Аморим дека следното лето ќе мора да направи голема реконструкција во тимот, а како што стојат работите, веќе почнал со тоа и не сака да чека да почне трансферниот рок.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Според тврдењата на Фабрицио Романо, Манчестер Јунајтед силно тргнал по Џеовани Квенда, кој ќе биде првото засилување на Рубен Аморим следното лето.

Станува збор за фудбалер на Спортинг кого го сака Манчестер Јунајтед и чиј трансфер лично го одобрил тренерот Аморим.

Тие двајца, се разбира, веќе соработувале, и тој ќе биде големо засилување за Рубен Аморим и Манчестер Јунајтед, а откриена е и цената што клубот ќе треба да ја плати за него.

Откако пристигна на клупата на Манчестер Јунајтед, Аморим се мачи да постигне добар резултат и да ја пресврти сезоната, а сега ги очекува тешко гостување на Гудисон Парк против Евертон.

Доколку го загубат и овој натпревар, тоа ќе биде деветти пораз под новиот тренер, а неговите методи на работа наводно веќе се под знак прашање кај некои фудбалери на Манчестер Јунајтед.

Најголем проблем за Манчестер Јунајтед е таа конзистентност што ја немаат. Понекогаш блескаат, а понекогаш се на ниво на средношколци кои не знаат ништо за тактика.

Новиот систем што го воведе Аморим кога дојде во Манчестер Јунајтед е 3-4-2-1, но тој не се покажа како добар, барем не уште, но Аморим не сака да се откаже од него.

Неколку играчи на Манчестер Јунајтед наводно веќе “го кренаа гласот” во однос на оваа тактика и начинот на работа на човекот кој неодамна пристигна од Спортинг.

“Квенда е главна мета на Аморим, тој е на листата со недели, можеби и месеци. Договорот сè уште не е постигнат, но неговото доаѓање е одобрено од Аморим”, изјавил Романо.

Наводно се знае и колку ќе треба Манчестер Јунајтед да плати за него, а се работи за сума од 50 милиони евра.

Тоа значи дека Манчестер Јунајтед има среќа, затоа што откупната клаузула во договорот на овој играч е 100 милиони евра, но очигледно ќе го добијат за половина цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…