Дома Фудбал Не паметиме ваква ситуација: Македонија најмалку до јуни лидер во групата за пласман на СП!

Не паметиме ваква ситуација: Македонија најмалку до јуни лидер во групата за пласман на СП!

Репрезентацијата на Македонија има солиден старт во квалификациите за Светското првенство каде што по две кола сме без пораз со четири бода, сепак останува горчината затоа што лесно можевме да имаме и шест бода.

Велс се извлече и со гол во 96. минута во Скопје не остави без победа која ќе беше голем чекор напред во битката за СП.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Сепак, треба да се каже и дека Велс беше репрезентацијата која имаше иницијатива во текот на комплетните 90 минути.

Македонија до четири бода дојде откако претходно го победи Лихтенштајн со 0-3. Вчера Миовски погоди по грешката на Џо Ален во 91. минута, меѓутоа потоа во финишот дозволивме Велс да се врати, сега ние направивме грешка во одбраната.

На табелата заедно со Македонија и Велс има четири бода, меѓутоа ние сме со подобра гол-разлика па сме пред островјаните и така барем до јуни ќе сме лидери.

Меѓутоа треба да се напомене и дека Белгија која е најголемиот фаворит во групата во овој циклус не играше натпревари поради настапот во Лигата на Нации. Лихтенштајн е на три бода, додека Казахстан е без бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изгледа страшно и моќно: Халанд на тренингот на Манчестер сити се појави со „ѕвер“ вреден 250.000 евраа

Норвешкиот напаѓач и голема ѕвезда на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, пристигна на еден од …