Дома Фудбал Не мисли само на фудбалот: Модриќ вложил уште 22 милиони евра во семејниот бизнис

Не мисли само на фудбалот: Модриќ вложил уште 22 милиони евра во семејниот бизнис

Според пишувањата на странските медиуми, хрватскиот капитен и играч од средината на Реал Мадрид, Лука Модриќ, вложи дополнителни 22 милиони евра во својата компанија, „Modrić Famii SL“. Во шпанскиот Службен билтен на Трговскиот регистар (BORME) стои дека по оваа докапитализација, вкупниот капитал на компанијата изнесува 38.6 милиони евра.

Станува збор за компанија што Модриќ ја основа во 2020 година и се занимава со продажба, купување, градење и изнајмување на недвижности. Иако во 2023 година дојде до пораст на вредноста на имотот, поради дополнителните вложувања, вкупната добивка е намалена од 62 илјади евра на 51 илјада евра, како што неодамна објави шпанскиот финансиски лист El Debate.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Модриќ во Реал заработува околу 420 илјади евра неделно, што е нешто помалку од 22 милиони евра годишно. Станува збор за бруто износи. Според проценките на светските финансиски платформи, Модриќ има вкупно “тежи” од околу 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите до 16 години поразени од Словачка на турнирот во Подгорица

Репрезентација на Македонија до 16 години забележа пораз од селекцијата на Словачка во рам…