Дома Фудбал Не им оди ниту со Нејмар: Сантос го отпушти тренерот

Не им оди ниту со Нејмар: Сантос го отпушти тренерот

Нејмар и друштвото наскоро ќе добијат нов шеф на стручниот штаб.

Бразилскиот гигант Сантос му врачи отказ на тренерот Педро Кашиња поради серија лоши резултати.

Неодамна во клубот се врати Нејмар, но не допринесе многу. По просечните резултати во првенството на Сао Пауло, познато како “Паулиста”, Сантос лошо започна и во бразилскиот шампионат.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Освои само еден бод во првите три кола, а во неделата загуби од Флуминенсе на гостински терен со резултат од 1:0 и тоа беше крајот за Кашиња.

Португалскиот стратег на клупата на Сантос остана само четири месеци.

Да потсетиме, Сантос минатата сезона играше во пониска лига, ова му е повратничка сезона во бразилската Серија А и новиот тренер ќе има задача да ја стабилизира екипата што побрзо, бидејќи повторно испаѓање би било вистинска катастрофа.

Сантос за два дена го пречека Атлетико Минеира во четвртото коло и сè уште не се знае кој ќе го води тимот на таа натпревар.

Фото: Santos F.C
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еврогол на Педри: Барса води во „Ел Класико“! (Видео)

Екипата на Барселона по нешто помалку од половина час прва стигна до водство и тоа со еден…