Дома Фудбал Не е малку: Еве колкава штета направиле навивачите на Партизан со запалената трибина

Не е малку: Еве колкава штета направиле навивачите на Партизан со запалената трибина

Епилогот на големиот пожар што навивачите на Партизан го предизвикаа на гостувањето кај Црвена звезда во најголемото српско дерби е целосно уништена јужна трибина, стотици столчиња кои сега веќе ги нема и голема материјална штета.

Фудбалерите на Црвена звезда вчера со убедлива победа од 3:0 го совладаа Партизан, отварајќи си пат кон нова титула првак на Србија, додека дербито од самиот почеток беше тензично и хаотично, со бројни непријатни сцени.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Најдраматично беше во второто полувреме, кога навивачите на Партизан запалија дел од јужната трибина. Стотици столчиња биле зафатени од пламенот, натпреварот беше прекинат, а во акцијата се вклучиле пожарникарите за да спречат ситуацијата да ескалира и да избегнат потенцијални жртви.

Како што соопштува утрово српскиот портал Telegraf, штетата е проценета на 200.000 евра. Јужната трибина е комплетно уништена, голем дел од столчињата се скршени и запалени, но бил оштетен и семафорот. Покрај тоа, уништени се и тоалетите и вратите на влезовите на стадионот.

Дополнително, објавени се и фотографии што покажуваат како изгледа јужната трибина на стадионот „Рајко Митиќ“ ден по еден од најхаотичните белградски дербија во последните години.

Црвена звезда ќе го користи стадионот и оваа трибина веќе во четврток, кога е на програмата реванш натпреварот во плеј-офот на Лига Европа против Лил. Се верува дека до тогаш штетата ќе биде отстранета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ влезе во трката за сензацијата од Премиер лигата

Париз Сен-Жермен се меѓу кандидатите за млад напаѓач од Премиер лигата кој импресионира од…