
Карло Анчелоти исто така беше прашан за потенцијалното вклучување на Нејмар во репрезентацијата за Светското првенство. Иако беше претпазлив, 66-годишниот селектор сепак ги остави отворени вратите за враќање на напаѓачот на Сантос, кој не играл за репрезентацијата повеќе од две години. Нејмар, најдобриот стрелец на Бразил на сите времиња (79 голови), не играл за Бразил од тешката повреда на коленото добиена на 17 октомври 2023 година.
Анчелоти нагласи дека ќе ја избере својата екипа дури во мај, врз основа на нивото и формата на секој играч, вклучувајќи ја и 33-годишната ѕвезда.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Ако Нејмар заслужува да биде на Светското првенство, ако е во форма и подобар од некој друг, тој ќе игра”, изјави Анчелоти, тврдејќи дека “никому ништо не должи”.
Бразил во март ќе одигра две пријателски натпревари во Соединетите Американски Држави, едната со Франција, а другата со Хрватска.