Најновите вести за Манчестер Јунајтед се дека клубот овој месец го замени Ерик тен Хаг со Рубен Аморим по разочарувачкиот старт на сезоната.
Манчестер Јунајтед ја откри вкупната сума која ја потроши клубот за тренерската смена во која Рубен Аморим дојде на местото на Ерик Тен Хаг.
Јунајтед го потврди отпуштањето на Ерик тен Хаг во октомври, по поразот во Премиер лигата во јули. Одлуката дојде само неколку месеци откако Холанѓанецот потпиша нов договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најновиот финансиски извештај на клубот сега открива дека овој потег го чинел клубот вкупно 10,4 милиони фунти за исплаќање на Тен Хаг и членовите на неговиот тренерски штаб. Рууд ван Нистелрој го водеше тимот на четири натпревари како привремен тренер додека се чекаше Аморим, но и тој беше меѓу оние што го напуштија клубот по назначувањето на Португалецот..
Пристигнувањето на поранешниот тренер на Спортинг и неговиот стручен штаб чинеше приближно 11 милиони фунти, според извештајот. Португалскиот тренер имал клаузула за ослободување од 10 милиони евра (8,4 милиони фунти) во неговиот договор со Спортинг, која Јунајтед ја активираше, а дополнителните трошоци најверојатно се однесуваат на неговите соработници.