![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-10-173838-850x491.jpg)
Реал Мадрид 50, Атлетико Мадрид 49, Барселона 48 – вака изгледа моментално табелата на Ла Лига по 23-то коло и дефинитивно можеме да следиме трка на тројца до самиот крај.
Барселона на најдобар можен начин го искористи нерешениот резултат во мадридското дерби, и ја стопи предноста на Реал Мадрид која пред два кола беше +7.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Распоредот во последните 15 кола е шаренолик, се разбира, кога 45 бодови се во игра, сè уште е можно, а најважно е дека од преостанатите дербија имаме – Атлетико Мадрид – Барселона (16 март) и Барселона – Реал Мадрид (10 мај).
Она што, на пример, најмногу ги радува навивачите на Барселона е што во преостанатите 15 кола, дури девет противници ќе ги пречекаат во Каталонија, додека од тешките гостувања ги очекува покрај споменатиот Атлетико Мадрид, и Атлетик Билбао, и тоа во последното коло. Сигурно дека во Барселона никако не би сакале титулата да се решава на гостувањето кај четвртопласираниот тим на Ернесто Вaлверде.
Атлетико Мадрид има најповолен распоред бидејќи веќе ги одигра двата натпревара со Реал, а Барселона ја дочекува на 16 март. Но, Атлетико ги дочекува и незгодниот Билбао, и гостува кај Севиља, Осасуна, Хетафе, а во последното коло и Жирона.
Реал Мадрид до крајот има седум гостувања, меѓу кои и во Барселона, но тука се и незгодните гостувања како Осасуна и тоа веќе за викендот помеѓу натпреварите со Сити, како и подоцна Бетис, Виљареал, Севиља…
Распоред до крајот на Ла Лига:
24. коло: Осасуна – Реал Мадрид, Атлетико – Селта, Барселона – Рајо Ваљекано
25. коло: Реал Мадрид – Жирона, Валенсија – Атлетико Мадрид, Лас Палмас – Барселона
26. коло: Бетис – Реал Мадрид, Атлетико – Атлетик Билбао, Барселона – Сосиедад
27. коло: Реал – Рајо Ваљекано, Хетафе – Атлетико, Барселона – Осасуна
28. коло: Виљареал – Реал, Атлетико – Барселона
29. коло: Реал – Леганес, Еспањол – Атлетико, Барселона – Жирона
30. коло: Реал – Валенсија, Севиља – Атлетико, Барса – Бетис
31. коло: Алавес – Реал, Атлетико – Ваљадолид, Леганес – Барса
32. коло: Реал – Билбао, Лас Палмас – Атлетико, Барса – Селта
33. коло: Хетафе – Реал, Атлетико – Рајо, Барса – Мајорка
34. коло: Реал – Селта, Алавес – Атлетико, Ваљадолид – Барса
35. коло: Барса – Реал, Атлетико – Сосиедад
36. коло: Реал – Мајорка, Осасуна – Атлетико, Еспањол – Барса
37. коло: Севиља – Реал, Атлетико – Бетис, Барса – Виљареал
38. коло: Реал – Сосиедад, Жирона – Атлетико, Билбао – Барса