Пари Сен Жермен своевремено имаше најсилно трио во нападот додека за овој клуб играа Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе. Сепак, никогаш не го постигнаа она што се очекуваше бидејќи караниците беа чести во соблекувалната.
Нејмар надвор од теренот беше долго време и кога конечно се врати се повреди повторно. Во моментот работи на раскинување на договорот и се чини дека неговата следна дестинација ќе биде МЛС-лигата.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Но, додека не ја реши иднината, Нејмар сè почесто дава интервјуа, и тоа го направи и во емисијата која ја води легендарниот Ромарио. Одлучи да зборува отворено за многу работи од својата кариера и грешките што ги направил.
Се разбира, тема беше и заминувањето од Барселона во 2017 година кога за 222 милиони евра премина во Пари Сен Жермен, што денес се смета за една од најлошите одлуки на еден играч, бидејќи кариерата на Нејмар тогаш тргна потполно во надолна линија.
Тој призна пред Ромарио дека Меси пред самиот заминување зборувал со него и дека му е жал што тогаш не го послушал.
„Не ја напуштив Барселона за да бидам најдобриот играч на светот во ПСЖ. Меси ме праша зошто си одам и ми рече: ‘Дали сакаш да бидеш најдобар играч на светот? Ќе те направам таков ако останеш во Барселона'”, вели Нејмар и продолжува.
„Му реков дека тоа не е причината зошто одам. Причината беше друга и можам сега да кажам дека тоа беше поради финансии бидејќи тоа беше многу подобар договор отколку тој што го имав во Барселона. Имаше уште Бразилци во ПСЖ и затоа отидов. Таму беа Тијаго Силва, Дани Алвеш, Маркињос, Лукас Моура. Тие се мои пријатели и сакав да играм со нив”.