Најдобриот српски кошаркар, Никола Јокиќ продолжува да доминира во НБА лигата на сите можни начини. Тоа го потврди со играта против Сакраменто Кингс, кога стана првиот кошаркар после Вилт Чембрлен кој достигна трипл-дабл со над 35 поени, 20 скока и 15 асистенции.
Тој на тој меч запиша 35 поени, 22 скока и 17 асистенции, и со серијата трипл-дабли ќе се обиде да продолжи и на денешното гостување против тимот на Минесота Тимбервулвс од 21.00 часот според наше време.
Викендов дербито во Манчестер! Интересно е и во Серија А и Бундеслига! ↓↓↓
Никола Јокиќ запиша 150 трипл-дабли на 713 натпревари во својата кариера, што е дури 21% од сите натпревари што ги одиграл во НБА лигата. Тој податок го објави и самото натпреварување на своите официјални социјални мрежи.
Никој нема поголем процент на натпревари на кои постигнал трипл-дабл како самиот Јокиќ, а на 150 натпревари на кои достигнал овој резултат, Денвер има 119 победи и 31 пораз.
Nikola Jokić has recorded 150 triple-doubles in 713 career games. 21% of his games, Joker puts up a triple-double – the highest percentage in NBA history.
— NBA (@NBA) January 25, 2025
In those 150 games that Jokić has posted a triple-double, the Nuggets have 119 wins and 31 losses. pic.twitter.com/Zb7TUvDfkw