Дома Останати Кошарка НБА го објави конечниот список на играчи за „Ол-Стар“ натпреварот – ќе настапи само вториот Турчин во историјата!

НБА го објави конечниот список на играчи за „Ол-Стар“ натпреварот – ќе настапи само вториот Турчин во историјата!

НБА лигата го објави конечниот список на тимовите кои ќе настапат на „Ол-Стар“ натпреварот кој ќе се одржи на 16 февруари во Сан Франциско.

Гласовите на навивачите имаа 50 проценти удел во изборот на стартери, додека сегашните НБА играчи и панелот составен од претставници на медиумите имаа по 25 проценти.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Тренерите на НБА избраа по уште седум играчи од двете конференции, а со оглед на новиот формат на натпреварувањето, овие 24 играчи ќе бидат поделени во три екипи составени од некогашните НБА ѕвезди Чарлс Баркли, Шекил О’Нил и Кени Смит.

Од Западната конференција, за стартери се избрани Шеј Гилџес-Александар (Оклахома Сити), Стеф Кари (Голден Стејт), Никола Јокиќ (Денвер), Кевин Дурант (Феникс) и Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс), а резерви се Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс), Виктор Вембанијама (Сан Антонио Спарс), Алперен Шенгун (Хјустон Рокетс), Џејмс Харден (Лос Анџелес Клиперс), Џејлен Вилијамс (Оклахома Сити Тандер) и Џарен Џексон Џр. (Мемфис Гризлис).

Интересно, центарот на Хјустон Рокетс Алперен Шенгун стана само вториот Турчин избран во еден НБА Ол-стар тим.

Избран како 16-ти пик во 2021, 22-годишникот оваа сезона во просек постигнува 19,1 поен, со 10,4 скока и 5,0 асистенции по натпревар и тој е вториот Турчин по Мемет Окур во 2007 година кој е избран за Ол-стар натпревар.

Стартери на Истокот се: Џејлен Брансон (Њујорк), Донован Мичел (Кливленд), Карл-Ентони Таунс (Њујорк), Џејсон Тејтум (Бостон) и Јанис Антетокумпо (Милвоки), а во остатокот на тимот се Тајлер Херо (Мајами Хит), Кејд Канингем (Детроит Пистонс), Демијан Лилард (Милвоки Бакс), Џејлен Браун (Бостон Селтикс), Еван Мобли (Кливленд Кавалирс), Дариус Гарланд (Кливленд Кавалирс) и Паскал Сиакам (Индијана Пејсерс).

Всушност, наместо Ол-стар натпреварот ќе гледаме Ол-старr турнир на кој ќе учествуваат четири екипи и ќе се играат вкупно три натпревари – две полуфиналиња и финале.

Победничката екипа од „Rising Star Challenge“ (играчи од прва и втора година) ќе ја предводи Кендис Паркер, а трите преостанати екипи ќе ги изберат О’Нил, Смит и Баркли.

Натпреварите нема да бидат временски ограничени, а ќе победи екипата која прва ќе достигне 40 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вејд имал операција – загубил дел од бубрегот поради тумор!

Легендарниот американски кошаркар Двејн Вејд проговори за здравствените проблеми со кои се…