Доминиканскиот бејзбол играч Хуан Сото потпиша историски договор со Њујорк Метс вреден 765 милиони долари, што го прави најголемиот договор во историјата на професионалниот спорт.
Договорот е потпишан на 15 години, со дополнителни клаузули што би можеле да ја зголемат вредноста над 800 милиони долари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Само за потпишување на договорот, Сото доби бонус од 75 милиони долари. Оваа година играше за Њујорк Јенкис, кои му понудија исто така голем договор, но Сото ги одбра Метс, чив сопственик е милијардерот Стив Коен.
Коен, познат како “кралот на хеџ фондовите”, ги превзеде Метс во 2020 година, а неговото богатство се проценува на 21,5 милијарди долари. Сото ја започна својата кариера во 2015 со Вашингтон Нешоналс, а веќе во 2019 освои титула во МЛБ.
Откако одби договор од 440 милиони долари со Нешоналс, се пресели во Сан Диего Падрес, а потоа во Њујорк Јенкис. Неговиот договор ги надминува оние на Шохеи Отани, Лионел Меси и Патрик Махомес, што го прави најплатениот спортист во светот.
Со околу 30 години професионална кариера пред него, Сото може да стане најголемата бејзбол ѕвезда на сите времиња.
Њујорк Метс, кои до сега освоиле две титули, се надеваат дека Сото ќе помогне да донесе нов успех.