
Навивачка на Чикаго Беарс стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи откако на ТикТок објави видео каде нејзиниот пијалак на трибините буквално се замрзнува и се претвора во густа, ледена каша под влијание на екстремно ниските температури.
Клипот на корисничката Lizzz Win$ ја прикажува смеата и неверувањето на навивачите додека гледаат како популарниот пијалак се смрзнува во чашата во текот на натпреварот против Кливленд Боунс што најдобро ги отслика суровите услови на стадионот.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Се работи за реална ситуација, потврдуваат и официјалните податоци од клубот. На почетокот на натпреварот температурата беше -13 степени Целзиусови, но силниот, леден ветер создаваше чувство дека е речиси -20 степени.
На крајот, издржливоста на навивачите на студениот воздух се исплатеше. Играчите на Чикаго Беарс убедливо ги победија Bengals со резултат 31:3, носејќи барем малку топлина на замрзнатите фанови.
Инаку, видеото за помалку од еден ден веќе го прегледале над 7 милиони корисници на социјалните мрежи.
Во исто време беше ЛЕДЕНЕСТО на натпреварот Bears против Browns.
— Dov Kleiman (@NFL_DovKleiman) 15 Декември 2025
Навивач на Bears отвори шише со сок и веднаш се ЗАМРЗНА.
🤯🤯🤯 pic.twitter.com/tv7ngVsUed