Дома Фудбал Навивачите збеснаа и бараат одговорност: Ливерпул залудно плати 130 милиони евра за една од ѕвездите?

Навивачите збеснаа и бараат одговорност: Ливерпул залудно плати 130 милиони евра за една од ѕвездите?

Под жестоки критики се најде фудбалерот на Ливерпул, Флоријан Вирц, откако тој и неговите соиграчи беа поразени синоќа на гостувањето кај Галатасарај во Лигата на шампионите.

Со вчерашните натпревари започна второто коло од лигашкиот дел на Лигата на шампионите, а видовме многу интересни резултати.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Реал Мадрид ја оправда улогата на фаворит на гостувањето кај Кајрат и забележа победа од цели 5:0, но Ливерпул не успеа да дојде до позитивен резултат во Истанбул.

Уште потешко за Ливерпул беше тоа што во овој натпревар влегоа по поразот во домашното првенство пред неколку дена и тоа од Кристал Палас. Сите во клубот се надеваа дека ќе остварат и втора победа во Лигата на шампионите оваа сезона, но и дека ќе се вратат на победнички колосек, меѓутоа тоа не се случи.

Натпреварот беше решен практично на самиот почеток, а единствениот гол го постигна Виктор Осимхен од белата точка.

Навивачите по натпреварот беа многу лути на едно од најголемите засилувања на Ливерпул досега, а тоа е секако Флоријан Вирц, а за сè мораше да зборува и Арне Слот.

Летото беше „жешко“ за навивачите на Ливерпул бидејќи беа потрошени околу 500 милиони евра, и јасно е дека притисокот на овие играчи е многу голем во секој натпревар.

Четири нови играчи на Ливерпул беа во стартната постава против Галатасарај, но најмногу критики привлече Флоријан Вирц.

„Фокусот секогаш е на новите засилувања, а тоа е нормално особено кога ќе видите колку пари потрошивме.

Мислам дека Флоријан, особено во првото полувреме, беше вклучен во шансите што ги создадовме. Тој беше дел од многу опасни ситуации вечерва.

Од тие првите 11 играчи имаше неколку различни позиции и моравме да ги коригираме минутажите вечерва. Тоа е причината поради која мораме да ротируваме. Не се сите научени еден на друг“, рече Слот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде од Реал Мадрид со специјално обраќање

Федерико Валверде излезе со специјално обраќање со кое ги демантира гласините дека одбил д…