
Навивачите на Милан најавија дека ќе го напуштат Сан Сиро по 15 минути од играта во натпреварот против Монца следната сабота. Тоа ќе биде последното коло на италијанската Серија А. Милан во претходното коло загуби од Рома 3:1 на гости и така се прости од сите шанси за учество во Европа следната сезона.
„Ќе одиме од Casa Milan до стадионот Сан Сиро, на кој ќе поминеме првите 15 минути. Сакаме да се слушнат нашите гласови. Потоа ќе ги напуштиме играчите и управата, нека останат сами во својот срам. Со почит кон сите, повикуваме на собирање што повеќе навивачи оваа сабота“, стои во соопштението на навивачката група Curva Sud.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Навивачите на Милан беа многу критични кон управата на клубот, предводена од директорот Гери Кардинале, иако Милан оваа сезона освои еден трофеј – италијанскиот суперкуп. Но, сред сезона беше сменет тренерот Paulo Fonseca и беше донесен Sergio Conceicao, кој не се покажа како значително подобрување. Милан така нема да игра во Европа за прв пат по сезоната 2019/2020.
Фото: Принтскрин