Дома Фудбал Навивачите на Шкупи ги натераа фудбалерите да ги соблечат дресовите зашто – не биле достојни да ги носат (Видео)

Навивачите на Шкупи ги натераа фудбалерите да ги соблечат дресовите зашто – не биле достојни да ги носат (Видео)

Фудбалерите на Шкупи вчера конечно се вратија на својот домашен терен во Чаир, каде што го одиграа првиот натпревар на стадионот сезонава. Но, враќањето дома не донесе позитивен резултат – тимот претрпе нов пораз, овојпат од Македонија Ѓорче Петров со 0-2.

Со овој неуспех, чаирчани ја запишаа и седмата загуба по ред во првенството и остануваат единствениот клуб во лигата кој сè уште нема освоено ниту еден бод. Со оглед на тоа што годинава повеќе екипи ќе го напуштат елитното друштво, битката за опстанок за Шкупи станува речиси невозможна мисија.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


По завршувањето на натпреварот, атмосферата на стадионот беше крајно напната. Навивачката група „Шверцери“ ги повика играчите пред својата трибина, јавно им изрази незадоволство и ги натера дел од нив да ги соблечат дресовите со објаснување дека „не се достојни да ги носат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим го прекрши многу важното правило при победата на Манчестер Јунајтед против Челси

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, го прекрши правилото на натпреварот во Преми…