Дома Фудбал Навивачите на Реал: Ова не е пенал. Гвардиол само ја тестира издржливоста на нашите дресови.

Навивачите на Реал: Ова не е пенал. Гвардиол само ја тестира издржливоста на нашите дресови.

Ослабениот Реал ја отвори серијата во 28-мата минута благодарение на голот на Родриго. Сити изедначи во 35-тата минута преку Нико О’Рајли. Голем дел од заслугите за голот одат на сметка на Гвардиол кој ја испрати топката внатре со глава од корнер. Во последен момент, Тибо Куртоа успеа да ја одбие, но таа заврши директно кај левиот бек на гостите кој лесно постигна од блиску. Пресвртот и победата на гостите ги донесе Ерлинг Халанд со пенал во 42-та минута.

Но, Шпанците се огорчени бидејќи судијата Клеман Турпин и неговиот ВАР не го забележаа она што го сметаат за очевидно – грубото повлекување на Раул Асенсио од страна на Гвардиол пред голот на Сити. Сметаат дека Реал бил оштетен за чист пенал во таа ситуација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Навивачите на Реал на платформата Х споделуваат снимки и фотографии од настанот и пишуваат: “Пред пеналот кој го даде Халанд, ВАР го повика судијата брзо и го испрати да ја види ситуацијата, но кога Гвардиол го повлече дресот на Асенсио, не им требаа ни десет секунди на ВАР за да му јават на судијата дека нема ништо.”

Еден отворен коментатор од таборот на Реал ја прокоментира ситуацијата со сарказам: “Тоа не е пенал, туку Адидас го ангажирал Гвардиол да прави тестови за издржливост на дресовите во натпреварувачка средина.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кошмарот за Реал продолжува: УЕФА забрани настапи на еден од клучните играчи против Бенфика

Реал Мадрид ќе игра против Бенфика во двомечот од плеј-офот на Лигата на шампионите, но на…