
Реал Мадрид успеа да го елиминира Манчестер Сити во осминафиналето на Лигата на шампионите со победи на двата натпревара. Во Мадрид завршија со 3:0, додека реваншот во Манчестер го добија со 2:1.
На мечот во Манчестер, навивачите на Реал од трибините на Етихад му се потсмеваа на тренерот на домашната екипа. Скандираа „Гвардиола, остани“.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Ова беше насочено кон каталонскиот стручњак, бидејќи тој и Сити честопати беа елиминирани од Реал. Во последните пет години, Реал дури четири пати го исфрли Сити од Лигата на шампионите под раководство на Пеп. Ова е уште еден аргумент зошто навивачите на Реал сакаат Гвардиола да продолжи да го води клубот кој редовно го елиминира.
Пеп во својата кариера четири пати изгуби во двата натпревара од иста нокаут фаза на Лигата на шампионите, од кои три такви неуспеси се токму против Реал. Во 2014 година како тренер на Баерн, и во 2025 и 2026 година како тренер на Сити. За утеха му останува триумфот во 2023 година, кога стигна до финалето откако со вкупен резултат од 5:1 го совлада Реал во полуфиналето.
Los aficionados del Real Madrid le cantaron “Guardiola quedate” en su propio estadio JAJAJAJAJA 😭😭pic.twitter.com/Q5F7GMpLLH
— MT2 (@madrid_total2) March 17, 2026