
Навивачите на Реал Мадрид добија можност самите да го изразат своето мислење за потенцијалните потези на клубот за време на зимскиот преоден рок, а очекуваат конечно да се доведе вистинскиот центарфор.
Реал Мадрид не блескаше на крајот од годината, но сепак е кралскиот клуб во игра за сите трофеи и нема да отстапат до самиот крај. Заостануваат четири бодови зад водечката Барселона, но неколку промени во ростерот може да донесат целосен напредок во играта на Кралевите.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Уредниците на мадридскиот лист АС им даде можност на своите читатели самите да ја испратат својата анализа за можните трансфери за јануари, а повеќето од нив веруваат дека доведувањето на “вистинскиот напаѓач” е најважната работа.
„Треба веднаш да го продадат Винисиус и темелно да се подготват за следната сезона: 2 стопери, 2 играчи од средниот ред и напаѓач. Доведете ја хрватската ѕвер од Осасуна”, смета навивач на Реал.