Дома Фудбал Навивачите на Ливерпул го изгубија трпението: Парите за големото засилување се фрлени – стана најголемо промашување!

Навивачите на Ливерпул го изгубија трпението: Парите за големото засилување се фрлени – стана најголемо промашување!

Германскиот фудбалер Флоријан Вирц се покажа како можеби најголемото промашување во летниот трансфер период, бидејќи во првите девет натпревари од Премиер лигата нема постигнато ништо важно..

Неговата игра на теренот е прилично слаба, поради што е цел на потсмев од фановите.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ова беше случај и изминатиот викенд кога Ливерпул гостуваше кај Брентфорд, каде „црвените“ изгубија со резултат 3:2, а Вирц приреди уште едно разочарувачко издание.

Вирц започна како дел од почетниот состав и остана на теренот до 83-тата минута, кога беше заменет од Џо Гомез. Додека го напушташе теренот, од трибините се слушаше скандирање и песна од навивачите.

“Какво фрлање на пари”, пејаа навивачите, а снимката стана вирална на социјалните мрежи и можете да ја погледнете на овој линк.

Вирц во изминатите две сезони беше меѓу најдобрите фудбалери во германската Бундеслига, а фантастичните настапи на Бајер Леверкузен им донесоа значајна сума.

Ливерпул летово плати за Вирц 125 милиони евра, а со бонуси, сумата на обештетување може да се искачи до 133 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Гол каков што не се гледа секој ден: Мароканец погоди од својата половина

Мароко успеа да триумфира со 3-2 против Јордан во Арапскиот куп, но најголемо внимание при…