
Навивачите на минхенскиот Баерн денеска приредија спектакуларна кореографија на стадионот Алијанц, каде што Баварците ја играат натпреварот од 25. коло на Бундеслигата против Бохум.
Тифозите на Баерн развија кореографија низ целиот стадион, кој има капацитет од 75.000 седишта, а со подигнување картони го испишаа името на нивниот сакан тим.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
“Баерн” и “Минхен” пишуваше на трибините на Алијанц арената, а на една од нив беше исцртан и еден од грбовите кои овој клуб ги користел низ својата историја.
🔴⚪
— Баерн и Германија (@iMiaSanMia) 8 март, 2025
📸 @_kochmaximilian
pic.twitter.com/BrwnlsEKdW
Се разбира, навивачите така го прославуваат 125-тиот роденден на Баерн, бидејќи овие денови се навршија 125 години од основањето на најголемиот германски фудбалски тим и еден од најголемите во светот.