Дома Фудбал Англија Навивачите на Њукасл со спектакуларна кореографија за својот миленик 🎥

Навивачите на Њукасл со спектакуларна кореографија за својот миленик 🎥

Навивачите на Њукасл во вчерашниот натпревар против Вест Хем (0:2) направија спектакуларна кореографија во чест на нивниот миленик, Александар Исак.

Шведскиот напаѓач е на мета на многу големи клубови и поради трансфер шпекулациите, навивачите со еден ваков голем гест кон Исак му испратија јасна порака дека сакаат тој да остане на „Сент Џејмс Парк“.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


На трибината пред фудбалерите да излезат од тунелот се појави презимето на Исак и тоа во боите на неговата Шведска. Навивачите не заборавија подоцна да го истакнат и знамете на Еритреја од каде што потекнуваат неговите родители.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал е подготвен да го даде Езе во замена за играч на Реал Мадрид: „Би сакале да го потпишеме“

Според извештаите, Арсенал е подготвен да го разгледа вклучувањето на Езе во потенцијална …