Дома Фудбал Навивачите лути: Роналдо за Ал Наср исцрпен, за репрезентацијата спремен

Навивачите лути: Роналдо за Ал Наср исцрпен, за репрезентацијата спремен

Селекторот на Португалија Роберто Мартинез ги објави имињата на играчите кои ќе настапат на завршниот турнир на Лигата на нации, а не сите се задоволни со виденото.

Португалија ќе се соочи со Германија во полуфиналето на Лигата на нации на 4 јуни. Во другото полуфинале ќе се сретнат Франција и Шпанија, додека финалето е закажано за 8 јуни.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Главна тема на разговорите е присуството на Кристијано Роналдо на списокот, иако тој ги пропушти последните неколку натпревари во Саудиска Арабија. Сега од Португалија велат дека е здрав.

Како што се наведува, Роналдо имал проблеми со мускулни повреди во претходните недели. Не настапи на два последователни натпревари за Ал Наср, што ги наведе многумина да мислат дека сезоната за него е завршена.

Во двата случаи кога Роналдо не беше на теренот, изјавите во медиумите беа дека „одмара по одлука на тренерот поради истрошеност“. Имајќи предвид дека одигра 39 натпревари и постигна 33 гола, ваквото објаснување не изненади целосно, но предизвика бројни шпекулации.

Сега тие шпекулации се засилени бидејќи во неговата репрезентација уверуваат дека е здрав и спремен за игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер на чекор до големо засилување

Според трансфер експертот Фабрицио Романо, Интер е во напредни преговори со крилото на Оли…