Раководството на Манчестер Јунајтед донесе јасна одлука до крајот на зимскиот трансфер период да го засили својот тим.
Секако, навивачите на овој тим се надеваат на проверени фудбалери кои би можеле веднаш да влијаат врз сезоната на овој тим која досега беше доста слаба.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
Сепак, Рубен Аморим одлучи новото засилување да го донесе од Штутгарт, а се работи за интернационалец од Мали, Ел Билал Туре.
Сѐ уште се чекаат некои засилувања во Манчестер Јунајтед, а наводно пред потпис е играчот на Лече, Патрик Доргу.
Освен тоа, наводно раководството на Манчестер Јунајтед разгледува понуда за фудбалерот на Баерн, а се работи за напаѓачот Матис Тел кој денес ја одби понудата на Тотнем.
Во многу чуден пресврт, Манчестер Јунајтед денес тргна по Ел Билал Туре, тврдат новинарите од Англија, а тој моментално е во Штутгарт на позајмица од Аталанта.