Дома Фудбал Навивачите ќе збеснат: Аморим застана во одбрана на газдите на Манчестер јунајтед

Навивачите ќе збеснат: Аморим застана во одбрана на газдите на Манчестер јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим смета дека потезите на новите сопственици на клубот од Олд Трафорд очигледно водат кон успех, и покрај скептичните реакции на јавноста.

„Инеос“ кој го предводи Сер Џим Ретклиф стана сопственик на дел од Јунајтед претходната година и оттогаш прави напори за да ги намали финансиските трошоци на клубот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Гледам јасен пат до успехот, поплочен со одлуките кои ги носат сопствениците. Воведуваат тешки промени кои не се најдобро прифатени. Сепак, тие постојат бидејќи постои визија, тоа е на сите јасно“, изјави Аморим и додаде:

„Во иднина ќе треба да ја поткрепиме визијата и со резултати – бидејќи промените кои не носат подобрување нема да ги направат луѓето среќни. Добро е што постои јасен пат. Ќе биде напорно, но се што правиме е за да го вратиме Јунајтед на врвот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најплатениот фудбалер во Премиер лигата заработува 2,5 милиони евра месечно!

Поради почетокот на новата сезона, англиските медиуми објавија листа на Топ 10 најплатени …