
Еден од возачите на автобусот кој превезувал навивачи на кошаркарскиот тим Пистоја загина синоќа откако навивачи на ривалскиот тим Себастијани од Риети го нападнале автобусот на автопатот.
Несреќниот возач седел во предниот дел од автобусот до возачот кој во тој момент го управувал автобусот. Почина откако тула го удрила во глава, пишува италијанската новинска агенција „ANSA“.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Нападот се случил на автопатот Риети-Терни, околу 80 километри североисточно од Рим. Навивачите на Себастијани фрлале камења и други предмети кон автобусот кој го напуштал Риети по натпреварот од втората италијанска лига.
Итните служби, заедно со неколку полициски и карабинерски патроли, веднаш реагирале, но нивните обиди да го спасат животот на возачот беа неуспешни. Во тек е полициска истрага за да се откријат одговорните за нападот.