Дома Фудбал Навивач сподели фотографија, се создаде лудница меѓу навивачите: Дали Алонсо е во градот? (Фото)

Навивач сподели фотографија, се создаде лудница меѓу навивачите: Дали Алонсо е во градот? (Фото)

Чаби Алонсо неодамна доби отказ на клупата на Реал Мадрид, а наместо него Флорентино Перез го доведе Арбелоа.

Очигледно нешто не функционираше во периодот кога Алонсо беше тренер на Реал Мадрид, но сега тоа е минато и Шпанецот сигурно нема да биде долго без работа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Веднаш по напуштањето на Реал Мадрид тој почна да се поврзува со неколку клубови кои го сакаат, а еден од нив е секако и Ливерпул.

Навивачите на Ливерпул тврдат дека Чаби Алонсо е виден во нивниот град, што ги поттикна шпекулациите дека ќе стане нов тренер на тимот од „Енфилд“.

Ливерпул на 17 јануари ремизираше на „Енфилд“ против Барнли, што беше ново големо разочарување за навивачите на овој тим.

Врската меѓу Алонсо и Ливерпул сѐ уште постои, а навивачите сметаат дека го виделе во градот во текот на вчерашниот ден.

Фотографија на човек кој неверојатно потсетува на Алонсо многу брзо се рашири на социјалните мрежи, а навивачите на Ливерпул сметаат дека станува збор токму за поранешниот тренер на Реал Мадрид.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез не чека ништо, се знае кој ќе биде првото летно засилување на Реал Мадрид

Перез минатото лето одлучи да му даде отказ на Карло Анчелоти и на негово место да го дове…