
Светското клупско првенство запишува нова драма, додека натпреварот од осминафиналето помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, закажан за вторник во Мајами (21:00 по наше време), би можел да се соочи со прекин поради невреме и грмежи.
Според информациите од американските метеоролошки власти, во вторник, од 14:00 до 15:00 по локално време, се очекуваат обилни дождови и грмежи во околината на Мајами, каде што треба да се игра натпреварот.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Се предвидува дека невремето би можело да се засили токму во времето на почнување на натпреварот на стадионот Хард Рок.
Организаторите применуваат строги протоколи, идентични со оние во американските лиги (MLS, NFL), според кои натпреварот се прекинува најмалку 30 минути веднаш штом се забележи удар на молња во радиус од околу 13 км.
Овој процес се повторува при секој нов удар на молња, а неодамнешната средба помеѓу Челси и Бенфика на истиот турнир беше прекината два часа поради истите причини.
“Ова е нешто необично за нас во Европа,“ изјави одбранбениот играч на Реал Мадрид, Дани Карвахал, кога го прашаа за честите прекини на натпреварите за време на ова светско клупско првенство.
“Треба да размислиме за помалку строги протоколи и да се трудиме да ги завршиме натпреварите, бидејќи ова многу влијае на играта,” додаде шпанскиот десен бек.
На овој турнир, до сега, шест натпревари веќе се прекинати поради невреме или најави за грмежи.
🚨 МЕЧОТ ПОМЕЃУ РЕАЛ МАДРИД И ЈУВЕНТУС МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕКИНАТ! ⛈️😕
— Instant Foot ⚽️ (@lnstantFoot) June 30, 2025
Се очекуваат грмежи овој вторник во Мајами за време на осминафиналето на клупскиот Мундијал!
Доколку дојде до тоа, натпреварот ќе биде прекинат.
(@RMCsport) pic.twitter.com/84XD1HHB9v