Дома Фудбал Натпреварот на Фиорентина нема да биде одложен и покрај смртта на претседателот

Натпреварот на Фиорентина нема да биде одложен и покрај смртта на претседателот

Фудбалскиот клуб Фиорентина ненадејно остана без својот долгогодишен претседател, Роко Комисо, кој си замина од овој свет на 76-годишна возраст.

Овој човек, кој ја презеде управата над Фјорентина во јуни 2019 година, остави длабок белег во клубот, поради што очекувано се постави прашањето дали „виола“ ќе одигра против Болоња во недела на „Дал’Ара“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Одговорот е „да“. Клубот соопшти дека семејството Комисо има желба играчите да излезат на теренот во недела попладне.

“Фиорентина одлучи, во согласност со желбите на семејството Комисо и во чест на сеќавањето на својот претседател, да се натпреварува на сите закажани спортски средби. За оние што го познаваа, фудбалот беше неговата најголема страст и во знак на почит кон оваа голема љубов, тимот на Фиорентина ќе му изрази почит и сеќавање играјќи на сите закажани термини,” стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Керик е тактички брутален, навивачите ќе застанат зад легендата на Јунајтед“

Еден од фудбалерите на Манчестер Јунајтед е особено оптимистичен со доаѓањето на Мајкл Кер…