Дома Фудбал Натпревар на кариерата: Поради него Јамал вчера ништо не можеше! (Видео)

Натпревар на кариерата: Поради него Јамал вчера ништо не можеше! (Видео)

Левиот бек на Њукасл, Луис Хол, вчера го одигра една од најдобрите натпревари во својата кариера досега.

Имаше исклучително тежок предизвик пред себе – да го запре Ламин Јамал, кој оваа пролет е во извонредна форма.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, Хол покажа фантастична игра и, верувале или не, Јамал заврши натпреварот без ниеден успешен дриблинг, што е првпат во неговата кариера.

За ова постигнување најзаслужен е левиот бек на Њукасл, кој заблеска и во нападот и во одбраната. Тој не само што го неутрализираше Јамал во дефанзивата, туку и создаде пет шанси за своите соиграчи – најмногу на теренот.

Иако Јамал даде гол од пенал во последната секунда, во отворената игра беше речиси неприметлив.

Погледнете ја извонредната изведба на левиот бек против Јамал…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драмата на иранските фудбалерки: Најголем број се враќаат, неколку остануваат во Австралија

Нетрпеливоста околу судбината на иранските фудбалерки присутни на Азискиот куп во Австрали…