Новите фотографии открија како би требало да изгледа новиот стадион на Манчестер Јунајтед откако последниве денови се направија големи чекори кон неговата изградба.
Џим Ратклиф, откако стана ко-сопственик на клубот, најави изградба на спектакуларен стадион на местото на култниот Олд Трафорд. По оваа најава се случија големи поместувања во сето тоа.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Се собра работна група за изградба на стадионот, која ја сочинуваат легендата на клубот Гери Невил, градоначалникот Анди Бернам и раководителката на Советот на Трафорд, Сара Тод. Првите информации велат дека стадионот ќе има 100.000 седишта.
Синоќа се случи голем чекор. Службениците на Советот на Трафорд, главното тело во градскиот округ Трафорд, каде што се наоѓа стадионот, едногласно дадоа поддршка за изградба на стадионот. Следниот вовед фаза ќе биде формирање на стратешки мастер план за ревитализација на областа.
Man United’s new stadium plans get major boost
— ESPN Soccer (@ESPNsoccer) January 28, 2025
Manchester United’s plan to build a 100,000-seat stadium has taken a big step toward becoming reality, with the vision receiving the green light from the Trafford Council executive.https://t.co/QLvXzSeSyO
Локалните функционери веруваат дека плановите ќе придонесат за економијата и дека ќе обезбедат повеќе од 90.000 работни места. На социјалните мрежи се појавија првите креирани слики кои покажуваат како би требало да изгледа стадионот.
Стадионот ќе има капацитет од 100.000 седишта, а неговата изградба ќе чини повеќе од две милијарди евра.
Интересно, претставниците на работната група за изградба на новиот стадион наводно контактирале со колегите од Реал Мадрид и Тотенхем, кои неодамна изградија спектакуларни фудбалски стадиони, за да добијат корисни совети.