Дома Фудбал Наполи доби сѐ, а Осимен трансфер во Галатасарај

Наполи доби сѐ, а Осимен трансфер во Галатасарај

На прагот е завршувањето на една од најголемите трансфер саги ова лето. Виктор Осимен дефинитивно ќе стане играч на Галатасарај, откако турскиот шампион конечно ги прифати сите услови на Наполи.

Преговорите беа напнати. Можат да се опишат како и престојот на Осимен во Наполи. На почетокот глатка бајка, заемна љубов. А потоа пресврт, натегање, колебање околу најситните детали.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сепак, со среќен крај. Наполи успеа да издвои голем дел од тие 80 милиони евра за колку што пред пет години дојде од Лил во Наполи. На крајот она што беше и познато, вкупната вредност на трансферот е 75 милиони евра.

И тоа не беше спорно во преговорите на двете страни. Дури и тоа главниот дел од 40 милиони евра да биде веднаш исплатен. Она околу што се кршеа копјата беше динамиката на исплата на останатите 35 милиони евра. Наполи бараше тоа да биде до 2026, а Галатасарај до 2027.

На крајот тука Наполи победи, а победи и во тоа што успеа да вметне во договорот уште две клаузули. Првата за процент од наредната продажба, а втората дека не може да биде продаден на италијански клуб пред 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се подготвува контроверзен трансфер: Младата ѕвезда на Реал доаѓа во Барселона?

Според наводите на реномираниот бразилски портал UOL Esporte, Барселона не планира да заст…