Дома Фудбал Напаѓачот на Еспањол со спектакуларен удар со глава го порази Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Еспањол со спектакуларен удар со глава го порази Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Еспањол пред своите навивачи направија неверојатен пресврт и го победија Атлетико Мадрид со 2:1 во последниот неделен натпревар од првото коло на шпанската Ла Лига.

Јулијан Алварез им донесе предност на гостите во 37. минута. Сепак, аргентинскиот напаѓач во 58. минута пропушти златна шанса за 2:0, откако ја погоди стативата, што домаќините го искористија за неверојатен пресврт.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во 73. минута Мигел Рубио одлично реагираше на центаршут од слободен удар и го совлада Јан Облак за 1:1. Но, вистинскиот мајсторски потег го направи Пере Мила во 84. минута, кога со глава, во пад, од далечина од 12-13 метри ја испрати топката во спротивниот агол по центаршутот на Ел Хилали од десната страна, носејќи победа на Еспањол, прва против Атлетико од 2019 година. Победничкиот гол можете да го погледнете ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Волфсбург испаѓа од Бундеслигата поради вештачка интелигенција!

Последен пат кога Волфсбург испадна од Бундеслигата беше во сезоната 1996/1997. Волфсбург …