Во летото 2023 година, Рандал Коло Муани беше најбараниот напаѓач во Европа заедно со Гонкало Рамос од Бенфика.
Муани играше за Ајнтрахт од Франкфурт и се истакна во Бундеслигата, а потоа во септември дојде огромен трансфер во ПСЖ.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Парижаните тогаш на германскиот клуб му платија отштета од 95 милиони евра, а Муани доби петгодишен договор со годишна плата од десет милиони евра по сезона.
Денеска, само 16 месеци подоцна, Муани е на излезната врата од ПСЖ, кој претходно му порача слободно да си бара нов клуб.
Од доаѓањето во ПСЖ, Французинот одигра 54 настапи на кои постигна 11 гола, што е очигледно учинок што челниците на францускиот шампион го сметаат за недоволно добар.
Англискиот портал Goal.com пишува дека фаворит за негово доведување е Тотенхем кој има проблеми со напаѓачката позиција поради повредата на Бразилецот Ричарлисон и лошата форма на Германецот Вернер.
Постои и опција Коло Муани да им се приклучи на Спарс на позајмица со право на откуп. Фабрицио Романо додава дека за него се заинтересирани и Јувентус, Монако и Милан.