
Поранешниот крилен играч на Манчестер Јунајтед, Нани, е убеден дека проблемите со дисциплината кои сега ги има тренерот Рубен Аморим, никогаш не би се случиле под водство на легендарниот сер Алекс Фергусон. Шкотот беше познат по својата способност да го одржува редот во соблекувалната, користејќи го својот чувен “фен третман” кога ќе почувствуваше дека некој играч ги прекршува правилата.
Нани: Под Фергусон ваквото однесување не би било толерирано
Младите играчи на Јунајтед денес треба да се радуваат што не играат под водство на легендарниот Фергусон, кој веднаш би санкционирал таква недисциплина. Поранешниот крилен напаѓач Нани, кој во периодот од 2007 до 2015 година играше за клубот и освои 12 трофеи, се присетува како Фергусон знаел да го остави на клупа поради недозволено однесување.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
На прашањето дали денешните млади играчи би можеле да се однесуваат вака за време на ерата на Фергусон, 39-годишниот Нани за Дејли Мејл изјави: “Никако, не би можеле. Ако треба, ќе ги оставеше играчите настрана за една натпревар, и тие брзо ќе научеа. Кога би биле во неволја поради лошо однесување, само кога би се поправиле би добиле повторна шанса за играње.”
“Треба да ги прифатиш и следиш правилата. Тоа за нас беше клучно. Никој не беше поголем од клубот. Ниту еден играч, ни Роналдо, ни Руни, ни Гигс, никој. Ако твоето однесување не беше на ниво, би добил казна. Слично нешто ми се случи уште во првите недели од доаѓањето.
Играв една фантастична утакмица, а потоа неколку недели не играв. Се жалев и разговарав со Кристијано, прашувајќи ‘еј, не разбирам зошто не играм’. Знаев дека има нешто позади сцената што се очекуваше да го поправам, а кога сфатив што треба да направам, се посветив на напорна работа. На овие играчи им треба нешто слично: дисциплина и правила”, завршува Нани.