
Ливерпул во саботата извојува значајна победа на гостински терен против Тотенхем со резултат 2:1, но радоста на „Црвените“ беше помрачена од лоша вест од теренот.
Имено, по постигнувањето на голот, Александер Исак мораше да го напушти натпреварот, а тогаш веќе беше очигледно дека станува збор за сериозна повреда. Според информациите од The Athletic, станува збор за една од потешките спортски повреди – шведскиот напаѓач, според достапните извештаи, си ја скршил ногата.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Ова практично значи дека Исак го чека подолга пауза и нема да биде на теренот неколку месеци. Особено загрижувачки е фактот што 24-годишниот Швеѓанец пристигна на Енфилд ова лето за рекорден трансфер. Ливерпул за него плати 125 милиони фунти, а конечната сума може да достигне до 130 милиони преку бонуси.
Иако „Црвените“ во последно време бележат добра форма и не познаваат пораз од крајот на ноември, оваа загуба може значително да влијае на продолжението на сезоната. Ливерпул моментално се наоѓа на петтото место во Премиер лигата, со десет бодови заостанување зад водечкиот Арсенал, а отсуството на еден од клучните офанзивци претставува сериозен предизвик за тимот во наредниот период.