Дома Останати Кошарка Најмладиот кошаркар со 1.500 тројки во НБА: Дончиќ го достигна рекордот (Видео)

Најмладиот кошаркар со 1.500 тројки во НБА: Дончиќ го достигна рекордот (Видео)

Словенечкиот суперстар Лука Дончиќ ноќеска влезе во историјата на НБА како најмладиот кошаркар кој успеал да постигне 1.500 тројки во својата НБА кариера.

Дончиќ го предводеше екипата на Лос Анџелес Лејкерс до победа на гостувањето против неговиот поранешен клуб Далас, кој го совладаа со 116:110, и со постигнати три тројки стигна до неверојатната бројка од 1.500 шутови надвор од линијата на 7,24 метри.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Дончиќ повторно беше посебно инспириран против својот поранешен клуб кој го отпушти бидејќи бил “предебел и неспремен”, а постигна 33 поени, подели 11 асистенции и фати осум скокови.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ во трката за МВП во НБА веќе не е ниту втор!

Никола Јокиќ веќе не е ниту втор на листата во трката за МВП, бидејќи го прескокна Виктор …