Дома Фудбал Најлудиот натпревар на Светското клупско првенство: Четири гола, црвени картони, напад на судијата, удар со копачка во глава… (Видео)

Најлудиот натпревар на Светското клупско првенство: Четири гола, црвени картони, напад на судијата, удар со копачка во глава… (Видео)

Бока Јуниорс и Бенфика одиграа 2:2 во вториот натпревар од групата Ц на клуpското СП. Ова беше навистина највозбудливиот меч на новото натпреварување. Иако се одигра во Мајами, трибините беа преполни со навивачи на Бока, создавајќи впечаток како да се игра на Бомбонера. Играчите на Бока ги оставија во екстаза фановите кога во 27. минута водеа со 2:0, благодарение на головите на Мигел Мерентел и Ертон Коста.

Но, по првото полувреме, мексиканскиот судија Цезар Артуро Рамос Палазуелос беше повикан да прегледа снимка од акцијата пред голот на Бока за да провери дали треба да се досуди пенал за Бенфика. Додека ја разгледуваше снимката, жестоко на него нападна Андер Ерера, играч на Бока кој претходно беше заменет поради повреда. Нападот беше толку агресивен што редарите едвај успеаја да го смирот за да не го загрози физички судијата.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


По ова, Ерера беше испратен од теренот, а Бенфика доби пенал кој Анхел Ди Мариа го претвори во гол. Подоцна, во 70 минута, напаѓачот на Бенфика, Андреа Белоти, без размислување и со опасност се фрли на топката, удирајќи го противникот во глава со копачка. Судијата повторно беше повикан да ја прегледа снимката, и по тоа подробно преку звучник ја објасни причината зошто Белоти доби црвен картон.

И покрај тоа што останаа со играч помалку, Бенфика успеа да израмни шест минути пред крајот со голот на Николас Отаменди. Тоа беше последниот гол на мечот, но до видовме и уште еден црвен картон. За остар старт, две минути пред крајот беше исклучен од игра Џорџ Фигал од Бока.

Фото: BOCA/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради депресијата сакаше да се повлече, сега на 37 години пронајде нов клуб

Јосип Иличиќ, офанзивец од Словенија со 37 години и еден од најистакнатите словенечки фудб…