Дома Фудбал Најголемите португалски екипи се збогуваа со Диого Жота

Најголемите португалски екипи се збогуваа со Диого Жота

Ужасни вести ни пристигнаа утрово од Шпанија, најлошите можни. Фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, загина во сообраќајна несреќа заедно со својот брат Андре.

Сѐ се случи во округот Замора нешто после полноќ, кога автомобилот излета од патот и се запали, а фудбалерот и неговиот брат починаа на местото на настанот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Смртта на Диого Жота го обедини фудбалскиот свет во тага, а најголемите португалски великани – Порто и Спортинг се огласија со потресни пораки поради неговата смрт.

Фудбалскиот клуб Порто ја остави следнава порака на социјалната мрежа “Х”.

– ФК Порто е во жалост. Со огромен шок и длабока тага испраќаме сочувство до семејството и пријателите на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои беа дел од нашиот тим во младинските категории. Почивајте во мир – напиша Порто.

Се огласи и Спортинг, кој исто така не ја криеше тагата поради прераната загуба на Жота.

 Светот на фудбалот денеска стана посиромашен. Спортинг изразува тага поради смртта на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Најискрено сочувство до семејството во овој тежок момент – додаде Спортинг.

Фото: Liverpool FC

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубот потврди: Се појави нова опција за Арнаутовиќ!

Марко Арнаутовиќ (36) е слободен играч по истекот на неговиот договор. И покрај годините, …